Пред некоја година слушнав во фирмата Loka исто имале 4 дена работна недела. Не знам на кое дереџе се сега.
crossfire_hurricanes on
секогаш има ретки такви кои се грижат за работникот. Јас овој пример го памтам [ШТИП: Ване Богдов ја предаде конфекцијата „Вабо“ на работниците – Istok Press](https://istokpress.mk/11848/)
nfs92 on
Идејата со 4 работни денови во недела е работникот да има повеќе денови за одмор за да биде *поефикасен* во тие 4 работни денови, а не да се „работи помалку“. Во пракса ова значи обично подолги работни часови во тие денови.
Соработувам со една компанија во Белгија (ИТ сфера) и тие имаа тест период каде што тестираа повеќе опции. Еден период работеа од Понеделник до Четврток. За брзо се откажаа од ова бидејќи нивни клиенти или соработувачки фирми работеа во Петок и се жалеа дека треба да чекаат 3 дена за одговор. Понатаму пробаа и да остават на самите вработени да одберат кој ден во неделата нема да работат. Ова донесе голем хаос во нивното интерно работење бидејќи имаа тимови од кои нешто како 80% од тимот не се на работа, додека 20% од тимот се на работа. Тогаш тие 20% што се на работа, ако се помлади работници, немаат кого да прашаат, да се консултираат итн. тие денови.
На крај се откажаа. Се вратија на 5 дена.
Исто и самите вработени преку small talk се жалеа дека без разлика што имаат 3 дневен викенд да одморат, не значи дека автоматски се пофокусирани во работните денови. Животот не е само работа-дома и фактот дека некој има 3 дена викенд не значи дека магично ќе биде 100% концентриран на работните задачи. Додатно на тоа што работните задачи не им се намалија, што значи дека доста од деновите фактички работеа 9-10 часа за да надокнадат (што на крај пак стигаме до 40 работни часа неделно).
Не знам…. Можеби предолго работам во стандардна 5 дневна работна недела и сум премногу навикнат на тоа, ама јас најискрено не би сакал да се смени тоа. Еве јас лично, тој 1 плус ден за одмор нема да го потрошам да лежам дома и да одмарам. И кога ќе дојде понеделник, пак нема да ми се иде на работа/да ми се работи 🙂
Е сега, има доста професии кои се‘ повеќе и повеќе користат автоматизација за извршување на нивните работни задачи, па може да се оправда моментот дека нема да треба да надокнадуваат во работните денови. Меѓутоа, да бидеме реални, директорите на овие фирми тогаш ќе ја намалат работната сила ако е ова случајот и ќе се задржат на 5 дневна работна недела. Запамтете дека работата на раководните лица во секој бизнис е да се зголеми крајната добивка, задоволството на вработените е работа на други лица во компанијата….
Звучи добро „на папир“, меѓутоа во пракса…. Не баш. Барем, не уште.
Leave A Reply
Du musst angemeldet sein, um einen Kommentar abzugeben.
4 Kommentare
Па добро, ако сме 4ца у фирма лесно ќе се договориме… 😂
https://preview.redd.it/i725oxyqz65g1.png?width=1893&format=png&auto=webp&s=b48e5474ff51c8cf1d20418f9da21179b2349b90